Поединечни резултати од Балкан опен во Тешањ – македонските клубови со 49 медали (ФОТО)

Како што веќе известивме македонските кикбоксери освоија 49 медали на Меѓународниот кик бокс куп ВАКО Балкан опен во Тешањ, Босна и Херцеговина, од кои 11 се златни, 17 сребрени и 21 бронзен. Шампион е најуспешен македонски клуб со 10 медали – 3 златни, 3 сребрени и 4 бронзени.

Работнички Адора е втор со 6 медали – 2 злата, 3 сребра и 1 бронза, а Предатор Куманово е трет со 6 одличја – 3 сребра и 3 бронзи.

Во вкупниот пласман Македонија е трета. Прва е Босна и Херцеговина со 235 (81-81-73)медали, додека Хрватска со 50 (18-23-9) е втора.

„Задоволен сум од успехот. На овие купови секогаш одиме со масовност, за да видиме колку сме подготвени кога настапуваме со надворешни борци кои не ги познаваме. Корисно е што почесто да се разменуваат противниците, така напредуваат нашите натпреварувачи учејќи и навикнувајќи се на различни стилови на борба кој ги имаат со секој нов противник“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко и додава:

„Повеќето натпреварувачи кои беа фаворити не учествуваа на овој турнир, бидејќи се во подготовки за учество на Европското сениорско првенство во Анталија, кое ни е за три недели“.

Освоени медали по клубови:

Шампион – 3 злата, 3 сребра и 4 бронзи
1.Марко Тодоров (К1) 1-место -67
2.Јован Пауновски (ЛК)  3-место -75
3.Стефан Стојановски (КЛ) 1-место -79
4.Лука Савовски (КЛ)  1-место +69
5.Андреј Ристоски (КЛ) 2-место -69
6.Стефан Митиќ (КЛ) 2-место -57
7.Адис Камберовски  (КЛ) 2-место -47
8.Александар Нашев  (КЛ) 3-место +69
9.Стефан Каевски (КЛ) 3-место -63
10.Лукс Кипровски (КЛ) јуниори 3- место -79
11.Енсар Исеин (ЛК) -91
12.Сара Бавчалановска (КЛ)  -65
13.Алдун Ахмед  (КЛ)   -79
14.Дарис Ризановиќ  (КЛ)  -57

Работнички Адора – 2 злата, 3 сребра и 1 бронза
1.Орхан Љамалари -91 лоу кик сениори/ сребро
2.Дамјан Стојчевски -57 лоу кик јуниори/ сребро
3.Ангела Таневска -60 кик лајт јуниори/ сребро
4.Калин Бабовски -52 кик лајт кадети/ бронза
5.Јана Петровска-55 кик лајт кадети/ злато
6.Филип Китановски +69 кик лајт кадети/ злато

Предатор Куманово – 3 сребра и 3 бронзи
1.Христина Бојковска -37 помлад кадет КЛ – 2-ро место
2.Вилиам Трајковски -42 помлад кадет КЛ 2-ро место
3.Бојан Николовски -84 КЛ сениор 2-ро место
4.Макс Спасовски -47 помлад кадет КЛ 3-то место
5.Блашко Денковиќ -57 постар кадет КЛ 3-то место
6.Симона Денковиќ +70 јуниор КЛ 3-то место

Тим Зоран – 3 злата, 1 сребро и 2 бронзи
1.Драган Пандев 42 кг. кадет ЦЛ – злато
2.Александар Делиовски 63 кг. помлад  јуниор ЦЛ – злато
3.Крсте Трајковски до 89 кг.сениор ЦЛ – злато
4.Антонио Тасков до 74 кг.помлад јуниор – сребро
5.Христијан Диневски +81кг ЛК – бронза
6.Панче Витанов -63.5 кг ЛК – бронза

Гладијатор Скопје 2 сребра и 2 бронзи
1.Мартин Николовски постар кадет КЛ -52кг – второ место
2.Давид Јовчевски јуниор КЛ -79кг – второ место
3.Адријано Димишковски постар кадет КЛ -57кг – трето место
4.Марко Горневски сениор КЛ-69кг – трето место

Самурај – Битола – 1 злато и 2 сребра
1.Леа Бошевска – 50 кг кик лајт сениори – второ место
1.Леа Бошевска – 55 кг кик лајт сениори – второ место.
2.Евгенија Митревска + 65 кг кик лајт постари кадети – прво место

Гладијатор фајт – Штип – 2 сребра и 3 бронзи.
1.Никола Нацев сениор КЛ -+94 кг – сребро
2.Слаѓан Тасев помлад кадет -42 кг – сребро
3.Антонија Тасева помлад кадет +47 кг – бронза
4.Јован Данилов постар кадет -52 кг – бронза
5.Илија Велков постар кадет +69 кг – бронза

Кавадарци – 1 бронза
Филип Ризов сениор ЛК-60 – бронза

Максам тим – 1 злато
Андреј Смилевски кик лајт -47кг постари кадети – злато

Ен-Ка Врапчиште – 1 злато и 1 бронза
1.Јусуф Алијевиќ -71кг ЛК – златен и куп
2.Али Имер -81 ЛК – бронза

Тетова – 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен
1.Фати Беџети  – 30 ПФ кадет – сребрен
2.Рефет Кадрии – 69 КЛ постар кадет – бронзен
3.Агон Абдурахмани – 79 КЛ сениор – златен
4.Анди Зибери +69 КЛ постар кадет

Куманово 2006 – 2 бронзи
1.Лука Велковски +91 ЛК – бронза
2.Марко Бошковски -69 КЛ – бронза

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО