Голем успех на македонската кураш репрезентација-освои 15 медали на Европското првенство (ФОТО)

На Европско првенство во кураш (боречка вештина сродна на џудото) во организација на Европската кураш конфедерација се одржа за кадети-ки, јуниори-ки и сениори-ки во Кожани, Грција, македонската репрезентација настапи со 20 натпреварувачи и освои 15 медали – 4 златни, 4 сребрени и 7 бронзени.

На ова натпреварување настапија околу 280  натпреварувачи од 16 европски држави.

Резултати поединечно:

Кадетки
1.Теа Настоска -44 кг – бронзен
2.Елеонора Илиоска -48 кг – бронзен
3.Амина Факиќ -63 кг – сребрен

Кадети
1.Јован Стојановски -55 кг – сребрен
2.Михаил Димоски -66 кг – бронзен
3.Ахмет Факиќ -73 кг – бронзен

Јуниори
1.Омар Факиќ -100 кг – сребрен

Јуниорки
1.Магдалена Најдоска -52 кг- златен
2.Кристина Мантароска -63 кг – златен

3.Мартина Јанкоска -78 кг – златен

Сениори
1.Алберт Реџиќ -90 кг – бронзен
2.Бајро Машовиќ +100 кг – бронзен

Сениорки
1.Теодора Димеска -48 кг – златен
2.Маја Бобан Реџиќ -87 кг – сребрен

Екипна конкуренција микс тимови – бронзен

„Одлични борби прикажаа и Теона Настоска -44 кг кај кадетките, Мусај Бислими -50 кг,  Михаил Стојановски -60 кг и Петар Петров -60 кг кај кадетите, како и Ернес Реџиќ -100 кг кај сениорите, но не изборија место на пидесталот.

Нашата репрезентацијата настапи и во екипна конкуренција микс тимови (мажи+жени) каде е освоено 3-то место. Во оваа конкуренција 1 место беше Грција, додека второто место и припадна на Турција“, велат од нашата репрезентација.

Составот на македонската кураш репрезентација го предводеше тренерот и селектор Дејан Мицкоски, официјален претставник беше претседателот Ердал Факиќ, а официјален судија на натпреварувањето за кадети и јуниори беше Маја Бобан Реџиќ, додека во сениорска конкуренција и самата имаше настап за нашата репрезентација.

Со ова Македонија испишува нова историја во меѓународните настапи во боречките спортови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО