Хабиб Нурмагомедов (26-0, 10-0 УФЦ) се подготвува за првата одбрана на титулата на УФЦ во лесна категорија.
29-годишниот Русин на 6 октомври на УФЦ 229 во Лас Вегас се бори со Конор Мек Грегор (21-3, 9-1 УФЦ).
30-годишниот Ирец немал ММА борба од ноември 2016 година кога го сонокаутот против Еди Алварез во лесна категорија и стана првиот борец во историјата на УФЦ кој воедно е шампион во две тежински категории. Со текот на времето титулите во перо и лесна категорија му се одземени поради неактивност.
Нурмагомедов испразнетата титула ја освои во април, победуваајќи го со едногласна одлука на судиите Ал Јакинта.
Погледнете како изгледаат подготовките на Хабиб во Американската кикбоксинг академија во Сан Хозе.
.