Поделени 200 илјади долари во бонуси на УФЦ Фајт најт 199

Вкупно 200.000 долари бонуси ќе добијат четворица од борците кои учествуваа na УФЦ Фајт најт 199. Шефот на организацијата Дана Вајт реши да го одврзе ќесето, но без да даде премногу пред божиќните празници.

Судирот меѓу Аманда Лемос и Анџела Хил е прогласен за најдобар за гала вечерта. Бразилката (11-2) ja постигна 11-тата победа во октагонот, откако победи на поени во многу оспоренваниот меч над „Оверкил“ (13-11) во скамка категорија. Мечот помина низ многу пресврти, но на крајот Лемос беше прогласен за победник со 2-1 (28-29, 30-27, 29-28). Двете за својот настап ќе соберат и бонуси од 50 илјади долари.

Во друг меч од главната карта, Каб Свенсон (28-12) го нокаутира Дарен Елкинс (26-10). Средбата заврши во средината на првата рунда, кога „Убиецот“ зададе серија тешки удари со рацете за да го доврши противникот со удар од вртење во главата. Ова му донесе чек од 50.000 долари над неговиот однапред договорен хонорар.

Другиот сличен бонус оди кај Мелиса Гато (8-0-2). Таа во третата рунда ја совлада Сијара Јубенкс (7-7) по удар во телото и неколку прецизни удари во главата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО