Македонската таеквондо федерација (МТФ) организираше почетен тренениг за сите репрезентативци за оваа година. Според програмата на Федерацијата во 2017 година е предвидено да се одржува еднаш неделно тренинг за сите репрезентативци, при што Стручниот одбор на МТФ ќе селектира натпреварувачи кои ќе настапуваат на големите турнири и првенства.
Македонските репрезентативци ќе учествуваат на „Словенија опен“ – Г-1 турнир, „Софија опен“- Г-1 турнир, Европското првенство до 21 година кое ќе се одржи во Софија, Европско јуниорско првенство во Кипар и уште неколку Г-1 турнири и Светското сениорско првенство во Кореа.
Избраните репрезентативци ќе имаат обврски спрема репрезентативниот тим, а наскоро ќе бидат соопштени од страна на претседателот на МТФ, Борче Костовски.
„За сите горе споменати турнири ќе има одредена финансиска подршка од страна на МТФ од средствата добиени од АМС за 2017 година. Исто така, овој прв тренинг беше искористен да се презентираат новите правила во олимпиското таеквондо кои се направени со цел овој спорт да добие на уште поголема атрактивност. Во 2017 година МТФ очекува медали од двете европски првенства што следуваат“, вели Дарко Костовски.
Ipon.mk/В.Д.