Почнаа подготовките на репрезенатцијата во борење за 2015 година, каде што во прв план ќе бидат Првите европски олимписки игри во Баку, Азербајџан. Ова беше истакнато на заедничката средба на тренерите и борашите во БК Балканец, од каде што доаѓаат најголем број од репрезентативците.
Средбата што ја организираше познатиот борач на Балканец,Трајче Димков,присуствуваа тренерите Виктор Богданов, Добре Маринков, Гордан Николов, Горан Стојанов, како и рускиот тренер во Македонија, Николај Корнеев.Во иднина, во Балканец, ќе им се приклучи уште еден тренер, Мијалче Ананиев, поранешен борач. Првиот тренинг беше одржан со најмладите, пионерите на Балканец.
„Наша цел е што поподготвено да ја дочекаме идната година, пред се, Првите европски ЛОИ во Баку, Азербејџан, во јуни 2015 година. За таа цел, подготвивме специјална програма“,- рече Трајче Димков.
Веќе од 1 декември, на подготовки во Осетија, Русија ќе замине Бобан Данов, додека во исто време во бугарската база, Тетевен, ќе тренираат останатите репрезентативци на Македонија- Дејан Богданов, Дејан Митров, Давор Тасев, Димитар Здравков од Балканец, како и Јасин Реџелари, Вејсели и Раиф Камбери од Лирија, со тренерот Љулзим Вренези. Во Русија и во Бугарија, македонските борачи ќе тренираат 22 дена, заедно со борачи од друјги држави.
Заради зафатеност на работните места, во Штип ќе останат да работат, под раководството на рускиот тренер Корнејев, останатите репрезентативци на Балканец- Иван Анакиев, Никола Димитриев, Стефан Никовски, Миќи Николов.
Ipon.mki/К.М.