Почина млад боксер од Русија по аматерски турнир

Тинејџер од Русија почина како последица на повреда добиена на аматерски турнир. За време на церемонијата Ибрахим Касамов се чувствувал лошо и бил пренесен во болница. Почина шест дена подоцна.

Првенството се одржа во градот Челјабинск, а веста ја пренесе Боксерската федерација на градот.

За време на полуфиналето Касамов доживеа нокдаун без да падне на подот. На почетокот се беше во ред, додека не дошла церемонијата на доделување на медалите. Тогаш на момчето му се слошило и веднаш му била укажана помош на лице место. Брза помош го однела во болница, каде лекарите шест дена се бореле за неговиот живот, но безуспешно.

Во моментов се води истрага и суспендирани се правата на судиите и тренерот на Касамов.

Регионалниот министер за спорт им изрази сочувство на роднините.

„Смртта на еден млад спортист е голема загуба за неговите роднини, пријатели и за целата боксерска заедница“, изјави тој јавно и истакна: „Изразуваме сочувство до сите негови роднини и пријатели“!

Потсетуваме дека светот на боксот пред само неколку дена го потресе уште една смрт. Тогаш си замина африканскиот боксер Симизо Бутлеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО