Во Белград на 61 година почина д-р Борислав Пелевиќ, актуелен претседател на Светската кик бокс федерација (ВАКО), и речиси три децении прв човек Кик бокс сојузот на Југославија и КБС Србија, еден од основачите на овој спорт во соседната земја.
Инаку, Пелевиќ е општествено-политички активен и еден е од основачите на Партијата на српското единство и во два мандати беше пратени во Собранието на Србија.
Доктор е на науки во областа на спортскиот менаџмент и беше професор на Високата спортска и здравстевна школа во Белград по предметите Менаџмент на спортските натпреварувања и Вовед во менаџмент.
Датумот и местото на погребот дополнително ќе бидат објавени.