Победи на Сангмане и борецот на годината Пеанкон (ВИДЕО)

sangmanee_kongsak

Промоцијата Оне Сонгчаи го одржа настанот на Раџадамнерн во Бангкок по повод 71-годишнината на стадионот.

Во најважните борби настапија борецот на годината во 2013 и 2016 година Сангмане Аумкатонг (претходно Сор. Тиенпо) и Пеанкон Тор Суат.

Сангмане (црвени ракавици) се бореше со повеќекратниот шампион на Лумпини Конгсак Ситбонмеом (157-59-2, 11 КО), која последниве години обично се бори во категоријата до 63,5 килограми. Овој меч се одржа во кеч категоријата до 60,5 килограми, бидејќи Сангмане обично се бори на 59 кг. Во судирот на левучари 19-годишниот Сангмане славеше со одлука на судиите по пет рунди.

Друга борба која е вредна да се спомене е онаа меѓу Пеанкон Тор Сурат (црвени ракавици) и Гингсанглека Тор Лаксонг. Пенакон е шампион на Раџадамнерн и е избран за најдобар борец на тој стадион оваа година, а покрај тоа ја доби наградата за најдобар борец на Управата за спорт на Тајланд. Пенакон дојде до 11 последователна победа со нокаут над Гингсанлек удирајќи го со колено во црниот дроб во четвртата рунда.

https://youtu.be/8b5GcWOuX2E

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО