Победи на Матеј Чатлески и Тоше Цветков на професионални бокс мечеви во Скадар

Во саботата Матеј Чатлески и Тоше Цветков забележаа победи на професионална боксерка ревија во Скадар, Албанија, организирана од промотерот Нелсон Хиса.

„Во борба од 4 рунди во полутешка категорија 17 годишниот Матеј Чатлески дебитираше против Стефан Мариќ од Србија. Чатлески прикажа одлична борба со добра боксерска техника. Сите четири рунди беа со размена на удари од двете страни. Во втората рунда Мариќ беше испратен во нокдаун од Чатлески. На крајот со едногласна одлука на судиите победата му припадна на Матеј Чатлески, вели предводникот на нашите боксери Дарко Чатлески и додаде:

„Тоше Цветков во тешка категорија дебитираше против Анел Балиќ од Босна и Херцеговина. Во првата рунда Цветков беше доминантен и надмоќен над Балиќ. На крајот од првата рунда тренерот на Балиќ беше принуден да ја прекине борбата поради повреда.

Со технички нокаут во првата рунда Цветков го победи Анел Балиќ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО