Макпетрол е најуспешен на Плеј-оф турнирот за сениори – петмина каратисти ќе ги бранат боите на ЕП

Макпетрол е најуспешен на Плеј-оф турнирот за сениори, на кој имаа право на учество само освојувачите на медали од Државното првенство за сениори кое се одржа минатата недела.

На турнирот во саботата Макпетрол освои 11 медали – 5 златни, 4 сребрени и 2 бронзени.

На овој турнир кој имаше изборен карактер за влез во сениорската репрезентација на Македонија, натпреварувањето се одвиваше по побергер систем односно сите спортисти освојувачи на медали во тежинските категории од Државното првенство имаа меѓусебно борби секој со секого.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски рече: „Државното првенство и секако Плејофф турнирот, се најстресните два натпревари за сите спортисти, тренери и клубови. За нас најважно од се е тоа што успеавме да ги потврдиме и задржиме првите места кои ги остваривме на Државното сениорско првенство минатата недела. Репрезентативен статус за претстојното Европско сениорско првенство кое ќе се одржи во Задар, Хрватска, во втората недела на месец мај 2024 година, остварија првопласираните пет спортисти а тоа се следните наши каратисти-ки“:

-Симона Заборска -55 кг
-Ангела Мојсовска -68 кг
-Петар Заборски -75 кг
-Петар Спасеновски -84 кг
-Данило Божовиќ +84 кг

Второпласирани во своите категории се :
-Давид Петков -67 кг
-Витомир Трајковски -84 кг
-Викторија Јовановска -61 кг
-Стефан Стојановиќ +84

Трето пласирани се:
-Јована Мицовска -61
-Димитар Лозановски -67 кг

„Забележително за овие две првенства и главна констатација е податокот што нашите спортисти имаа доминација во машкиот дел на тежински категории, така што во полутешка категорија (-84 кг) и во тешка категорија (+84 кг), имавме наши финалиња и на Државното првенство и сега на Плејофф турнирот.

Задоволни сме од постигнатото во овој изборен циклус, како најдобар спортски колектив повторно докажавме дека како најуспешни, но и дека  имаме спортски ресурси и за поголеми резултати. Сите спортисти на Макпетрол имаа професионален пристап и покажаа и постигнаа добри резултати“, рече тренерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО