Победа на Ото Валин со ТКО над повредениот Кауфман (ВИДЕО)

Ото Валин, кој се здоби со популарност за време на борбата со Тајсон Фјури, победи со ТКО против ветеранот Тревис Кауфман на галавечерта во Енсасвил, Конектикат. Шведскиот боксер ја искористи очигледната повреда во рамото на неговиот поискусен противник и го запре во петата рунда.

Тоа беше првиот борба на Валин по поразот од Тајсон Фјури пред 11 месеци, а Кауфман очигледно целосно не се опорави од операцијата на левото рамо, бидејќи боксираше речиси со едната рака, па дури и го смени гардот за време на мечот.

Веројатно оваа борба е последна за Кауфман, кој во март се откажа од средбата со Лукас Браун, бидејќи имаше повреда на левата нога. По 20 месеци постојано борба со разни повреди, 34-годишниот Кауфман најверојатно ќе стави крај на професионалната кариера.

https://www.youtube.com/watch?v=41LHv5VU5PM&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО