Миочиќ го анализраше мечот: Му се извинив 45 пати, а борбата би ја завршил да имав уште малку време! (ВИДЕО)

Откако ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ по четврти пат во кариераta и откакославеше по шести пат вкупно, Стипе Миочиќ се појави пред нпвнарите на официјална прес-конференција. Првото прашање веднаш се однесуваше на задоволството од самиот настап, што беше доволно за да се победи најважната борба во кариерата.

„Направив добра работа. Не можам да кажам одлична, затоа што дефинитивно можев да направам некои работи подобро. Но, кога двајца момци се борат трипати, тоа не може да биде совршено. Почнав побавно, бев срушен, но станав и потоа сè беше подобро“, откри Стипе, веднаш да се сврти кон брцнувањата во окото, што овој пат постоеја од двете страни:

„Жал ми е тоа што се случи, затоа што сигурно тоа не е нешто што намерно ќе го направам. Му се извинив 45 пати за време на борбата. Но, исто тоа тој ми го направи на мене неколку пати. Ниту моето, ниту неговото не беше намерно. Ниту знаев дека го удрив се додека не ја видов на снимката. Беше гадно“.

Тој не сакаше да зборува за плановите во овој момент, што е лесно да се заклуче од реченицата: „Следната недела е мојот роденден и само размислувам за тоа“, но затоа дел ос своето време го посвети на Кормиер и целото ривалство што трае веќе две и пол години. откако беше најавена првата борба.

„Отсекогаш сум имал голема почит спрема него. Тој е сјаен борец и му посакувам се најдобро во иднина. Исто така е одличен коментатор. Никогаш не сум имал непријателство спрема него. Рековме некои работи еден на друг, но сето тоа прашање на оваа работа. Тој дури рече дека не го правам овој спорт, па морав да му покажам. Некои од работите што ги рече не ми одговараа, но сега се е зад нас. Му посакувам се најдобро“.

На крајот од втората рунда Стипе имаше добри шанси да заврши сè, многу порано отколку што беше тоа случај на крајот. За среќа ма Кормиер, дојде крајот на рундата и тоа во моментите кога се чинеше дека недостасуваат само уште неколку удари за се да биде готово.

„Сигурен сум дека би ја завршил борбата ако имав уште малку време. Тоа беше ситуација како во четвртата рунда од нашата последна борба, го погодив на истото место. Мислам дека се побрзав. Требаше да направам уште еден чекор назад и потоа да го погодам, тогаш ќе го имав. Затоа тргнав жестоко во третата рунда. Но и тој ме удри во првата рунда. Ме здрма, се изгубив некое време, но погледнав и ми беше полесно кога сфатив дека сè уште можам да го видам”, откри нешто Стипе за ситуацијата, но и за неговите проблеми во кои се најде.

Направи некои промени за оваа борба, но беше прашан и за тоа што овде смета дека е најважно.

„Беше важно да не се впуштам во борба како идиот. Овој пат се чувствував добро уште од самиот почеток, особено откако станав кога ме сруши. Не бев загрижен. Некои работи ги одработив погрешно, но тоа е она што ја направи оваа борба одлична, ме донесе во ситуација кога морам да се прашам некои работи “, извлече и некои поуки Стипе.

Меѓутоа, подоцна, даде некаков одговор на прашањето колку време ќе помине пред да го видиме следниот пат во арената.

„Мислам дека ќе одморам уште една година за да вознемирам уште неколку луѓе. Оваа година имав план да направам операција на очите и пандемијата за да не морам да се борам“, рече Стипе користејќи сарказам, а потоа додаде: „Ќе отидам дома и ќе видам што имат подготвено за мене“.

Френсис Нгану е следниот, а се најавува и Џон Џонс. Стипе исто така често е прозиван од Картис Блејдес, а некои други втрвни борци имаат шампионски амбиции, како и некои чие време допрва доаѓа. Секако, сите тие гледаат кон врвот на кој повторно е припадник на противпожарната служба во Кливленд.

„Ако ме призваат, се чини дека правам нешто на добар начин. Имам сè уште многу да докажам. Морам да продолжам да победувам, затоа што да победуваш е забавно. Исто така морам на фамилијата да и обезбедам добар живот”, заклучи шампионот на УФЦ, давајќи до знаење дека ќе го гледаме во октагонот уште некое време. На задоволство на сите фанови на вистинската ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО