Хабиб Нурмагомедов: Ќе има битка со Тони Фергусон

Првакот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов верува дека ќе има меч меѓу него и Тони Фергусон.

Непоразениот борец ќе се бори против Џастин Гејџи во октомври за обединување на титулите во категоријата. Претходно оваа година требаше да гледаме борба меѓу Нурмагомедов и Фергусон, но, за жал, мечот не успеа. Така, нивниот дуел не успеа пет пати во текот на годините и навивачите веруваат дека таквата борба навистина е проколната.

„Орелот“ во моментов се подготвува за борбата против Гејџи и му понуди на Фергусон да се пресмета со Пориер. Пред неколку месеци Тони загуби од Гејџи, прекинувајќи му ја победничката серија од 12 натпревари, поради што веќе нема толку голем интерес за меч меѓу Хабиб и Тони. Сепак, Нурмагомедов ја сака оваа битка и смета дека ќе се случи.

„Не знам зошто, но верувам дека ќе се борам со Тони. Би го сакал тоа. Би го посоветувал да се бори против Пориер. Не знам кој ќе победи. Според мое мислење, 51% до 49% во корист на Дастин. Но, би сакал Тони да победи. И, ако го победам Џастин Гејџи, Фергусон ќе биде на списокот за следен противник.

Кога се борите со силни противници, оставате наследство зад себе. Не знам што ќе се случи со светот, но се надевам дека догодина ќе се борам со Тони. Тоа име ми дава многу мотивација – како се подготвувам и како се прилагодувам“, рече Хабиб.

https://www.instagram.com/p/CD80UhdjfRn/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО