Нгану се јави од Камерун: Стипе беше одличен, но ќе се видиме наскоро!

Во најавата на последниот меч меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, откри дека следен противник за Американецот со хрватски корени ќе биде Френсис Нгану.

Опасниот камерунски нокаутер со четири нокаути во првата рунда ја обезбеди предизвикувачка позиција, а многу брзо по завршувањето на историската трилогија, тој ја коментираше и последната победа на Миочиќ.

„Само што разговарав со Френсис Нгану, кој е во Камерун. Од таму ја гледаше борбата во шест часот наутро. Рече дека на моменти изгледало како ДК не сака да биде таму”, раскажува известувачот на ЕСПН Брет Окамото за разговорот што го водел со „Предаторот“.

„Што се однесува до Стипе, рече дека изгледал одлично. Она што го видел било одлично. Не може врз основа на виденото да каже кој ќе победи во нивната борба, но тврди дека знае како напредувал и дека може да го победи”, се вели реакцијата на Нгану во врска со актуелниот шампион.

„Што велите за Миочиќ – Нагану 2 како последен ППГ во годината“, додаде Нгану на Твитер.

Да потсетиме дека Стипе веќе се бореше со Нгану во јануари 2018 година, тогаш пред полни трибини на бостонскиот ТД Гарден, со целост издоминира и на поени го победи до тогаш незапирливиот Франсис.

https://www.instagram.com/p/CD8BYfUnyqs/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО