По втор пат „Димче Кичевски“-меморијален турнир за карате легендата на Македонија

На 6 април (сабота) се одржува 2.Меморијален карате турнир „Димче Кичевски“ во организација на Карате клуб „Скопје“,со почеток во 10 часот во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

Турнирот е за деца, пионери, помлади кадети, кадети и јуниори во кати и кумите.

Турнирот се организира во чест на на македонската карате легенда Димче Кичевски кој прерано почина, на 8 август 2015 година.

Кој беше Димче Кичевски!?

Карате е мајстор носител на мајсторски појас 6-ти дан.

–Основач и главен тренер на КК Водно од Скопје. Селектор на сениорската карате репрезентација на Македонија за спортска борба;

–Поранешен претседател на Македонската карате федерација;

–Повеќекратен републички и југословенски шампион;

–Балкански шампион;

–Прв селектор на карате репрезентацијата на Македонија;

–Како селектор и тренер го предводи македонскиот државен тим на Европските првенства во Прага – Чешка 1993, Хелсинки -Финска 1995 и Белград – Србија 1998 и на Светските првенства во Гранада – Шпанија 1992, Кота Кинабалу – Малезија 1994 и Сан Сити –Јужноафирканска Република 1996;

–Претседател на Карате Федерацијата на Македонија;

–Добитник на наградата „13 Ноември“ од Собранието на Град Скопје за 1983 година;

–Во 2006 година на манифестацијата „Македонски спортисти кои го одбележаа 20-от век“, во организација на Музејот на Македонија, а под покровителство на Владата на Република Македонија, Кичевски влезе во најдобрите 31 спортист од сите спортови;

–Од страна на Факултетот за физичка култура и сите електронски и пишани медиуми, при изборот на „Спортист на векот во 2000 година“ Кичевски беше прогласен за „Спортист на векот од областа на карате спортот“;

–Диплома за „Особени заслуги и придонес за работата и развојот на средното училиште за внатрешни работи” од Скопје за 1975 година.

– Добитник е на “Златна спомен плакета” од Сојузот на организациите за физичка култура на Македонија, по повод 30 години на Физичката култура, во 1976 година;

– Добитник е на високото „Признание“ за посебен придонес и развој на карате спортот во СФРЈ во 1989 година.

–Повеќе пати е прогласуван за спортист и тренер на годината од страна на СД „Вардар“, Карате сојузот на Македонија и многу други признанија и плакети.

Постхумно му е доделена државната награда „8 Септември за спортски работник за 2015 година.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО