Хабиб му поарча на Хабиб: Не смееш да ги навредуваш сите муслимани, нема да се извлечеш

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор реши да ја прекине 9-дневната пензија, а Хабиб Нурмагомедов како едвај да го чекаше тоа. Веќе подолго време се препокуваат преку Твитер, а со тоа ги вжештуваат шпекулациите за потенцијален реванш.

Нурмагомедов преку неговиот Твитер профил го нарече Мек Грегор „силувач“ и му порача дека „ќе го стигне правдата“, а само неколку часа подоцна Ирецот преку истата социјална мрежа го најави неговото враќање во рингот.

„Сакам да одам напред, со моите фанови од сите вери и минатото. Нашите вери нѐ учат да бидеме најдобрите верзии од себеси. Имаме еден свет и тој е за сите. Се гледаме во октагонот“, напиша Мек Грегор на Твитер.

Истата вечер, Конор напиша твит во кој ја спореди жената на Нурмагомедов со крпа, бидејќи таа носеше превез преку главата. „Твојата жена е крпа, пријателе“, напиша Мек Грегор во твитот, кој набрзо беше избришан.

Како и во секоја ситуација, Хабиб Нурмагомедов не можеше да издржи без да се вмеша. Тој го смета твитот на Мек Грегор како навреда на неговата религија, па реши да продолжи да го провоцира Ирецот.

„Ако мислиш дека ќе бидеш безбеден откако навреди една цела религија, се лажеш“, напиша Нурмагомедов.

Претседателот на УФЦ, Дајна Вајт, рече дека е запознат со случувањата помеѓу двајцата борци, како и со нивната војна преку социјалните мрежи. Според него, најдоброто решение за овој проблем може да се најде преку претставниците на двете страни.

„Ситуацијата ескалираше до неприфатливо ниво. Ги правиме потребните чекори за да ги контактираме камповите на двајцата борци. Овој проблем ќе биде решен интерно“, рече Вајт.

Првата борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор донесе нов рекорд за УФЦ, откако 2,4 милиони луѓе решија да платат за да ја гледаат борбата легално, во живо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО