Кандискиот ММА борец, 34-годишниот Елиас Теодору почина од рак на црниот дроб.
Поранешниот натпреварувач на УФЦ долго време се бореше со тешката болест, но никогаш јавно не откри за што се работи.
Теодору имаше 11 борби во најголемата светска ММА организација, во кои извојува осум победи.
Го освои „ТУФ Нејшнс“’ со нокаут против Шелдон Весткот, а се бореше и со уште неколку познати борци како Тијаго Сантос, Бред Таварес, Дерек Брансон…
Во мај 2019 година загуби со едногласна одлука од Брансон, по што беше отпуштен од УФЦ.
После тоа извојува уште три победи, а последниот меч му беше лани во декември кога го совлада Брајан Бејкер.
Во текот на неговата професионална кариера имаше 19 победи и три порази, трите во УФЦ.