По скандалот со сместувањето КФМ го намалува бројот на учесници на Балканското првенство

По скандалот со сместувањето на децата каратисти на Балкаснкото првенство во Истанбул, Турција, од 19 до 21 мај, Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) одлучи во иднина да го намали борјот на натпреварувачи на Балканскиот шампионат.

„За избегнување на проблемите околу сместувањето на децата кои во Истанбул ги имаа сите балкански земји, во иднина е усвоен предлогот да се оди со помал број натпреварувачи по категории, листата на учесници да биде комплетирана најдоцна 10 дена пред заминување на првенството и да се настапи со поголем број на наши судии“, се вели во одлуката на ИО на КФМ од седницата на 17 јуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО