По примерот на Мајк Тајсон: Бразилски борец дисквалификуван откако го гризнал увото на противникот (ВИДЕО)

Поранешниот борец на Белатор искористи неспортски потег за лесно да дојде до победата со гушење.

Прилично бизарна ситуација се случи минатиот викенд на настанот Окатагон 44 што се одржа во Алмати, главниот град на Казахстан. Бразилецот Тијаго Оливеира (16-10-0) беше во пар со локалниот претставник Еркин Дарменов (13-5-0) и првично го доби мечот со завршница.

Оливеира го притисна Дарменов до оградата на кафезот, а потоа го удри со колено што најверојатно слета во меѓуножјето на домашниот борец. Во продолжението на акцијата Оливеира успеа да ја однесе борбата на партер, ја презеде контролата над грбот на противникот и на 19 секунди до крајот на првата рунда победи со давење од позади.

Дарменов и неговиот тим жестоко протестираа, тврдејќи дека Оливеира го гризнал Дарменов за увото пред да може да го заклучи гушењето. Снимката е прегледана и потврдени обвинувањата од Дарменов. Оливеира навистина направи потег многу сличен на оној што го направи Мајк Тајсон во 1997 година на мечот против Ивандер Холифилд.

На видеото јасно се гледа како Оливеира го гризна противникот, што му дозволи да го задуши. По завршувањето на мечот настана метеж, но правдата набрзо беше задоволена и победата на Оливеира беше поништена.

Не само што Бразилецот остана без победа, туку поради неспортски потег го загуби мечот со дисквалификација. Бесниот Бразилец го напушти кафезот пред да биде прочитана судиската одлука, но повеќе од заслужен поразот.

Тоа е негов шести последователен пораз, а ова е борец кој исто така се натпреваруваше под покровителство на Блеатор во 2019 година. Џон Менли го победи со едногласна одлука на настанот Белатор 231.

Што да додадеме, освен да препорачаме да го погледнете видеото од необичниот потег. Видеото е под текстот, а спорната ситуација започнува во 4:15:12.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО