Ѓуро Илиќ ги предводеше македонските мајстори на семинарот за реално аикидо во Пирот

Во близина на Пирот, Србија, во прекрасниот амбиент на манастирот Пресвета Богородица во Суков, изминатиов викенд се одржа традиционалниот семинар во реално аикидо, предводен од мајсторот Ана Врачаревиќ 9-дан.

Македонија ја претставуваа Ѓуро Илиќ носител на мајсторски појас 8 дан, кој беше дел од инструкторксиот тим, заедно со Дејан Чавковски 5-дан, Николчо Гоцев 3 дан и Александар Лозановски 1 дан.

„Голема благодарност до Горан Крстиќ, Игумен Серафим и сите учесници од Македонија, Пирот, Ниш, Димитровград, Топола, Белград на овој прекрасен ден“, напиша на Фејсбук Ана Врачаревиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО