Плејофот во Регионалната бокс лига ќе се одржи во Нови Пазар во салата „Пендик“.
Скопје беше сериозен кандидат да го организира и вториот Плеј-оф во РБЛ, откако лани успешно го направи тоа.
Во Плејофот ќе се најдат првите четири екипи по пласманот во регуларниот дел на РБЛ, а по 7-те кола водечка е екипата на Нови Пазар со 202 бода, пред Сомбор 169, Славија 159, Лозница 155, Вардар 92, Раднички 71, Марибор 63, Никшиќ 54, Железничар 36, Свети Донат 0.
Минатата година првак беше БК Црвена ѕвезда која во финалето славеше против Лозница 16-6.
Вардар имаше солиден настап во РБЛ, а Ален Рустемовски е еден од најдобрите боксери во категоријата, но и меѓунајодбрите по учинокот во сите кола.