Вајт ја потврди борбата меѓу Мек Грегор и Чендлер, а откри и кога треба да го знаат датумот на борбата

ММА љубителите со нетрпение го очекуваат враќањето на Конор Мек Грегор, чиј последен меч беше во јули 2021 година кога ја скрши ногата на крајот од првата рунда во борбата против Дастин Пориер.

Најголемата ѕвезда на УФЦ учествува во новата сезона на „The Ultimate Fighter“, која ќе почне да се емитува наскоро.

Мек Грегор е еден од тренерите, а неговиот тим ќе ги одмери силите со тимот предводен од Мајкл Чендлер.

Како и во претходните сезони, тренерите на крајот ќе се борат меѓу себе. Нивниот меч најверојатно ќе биде договорен за крајот на годината.

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, потврди дека за време на преносот ќе биде објавен датумот кога ќе се борат Мек Грегор и Чендлер.

„Важно е дека борбата ќе се случи, а кога ќе се случи, навивачите ќе дознаат за време на преносот на новата сезона на ТУФ. Конор треба да влезе во протоколот за анти-допинг тестирање на УСАДА. Не знам кога ќе се случи тоа, бидејќи и тој треба да се погрижи за тоа. Но, нешто се случува“, рече Дана Вајт.

Деновиве беше потврдено дека славниот Ирец влегува во протоколот на УСАДА, а од јули 2021 година беше поштеден од тестирање.

Од Американската антидопинг агенција стигна соопштение во кое пишува дека Конор Мек Грегор наскоро ќе се врати на допинг-тестовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО