Де ла Хоја: Кој мисли дека Лома загуби, не знае ништо за боксот!

Оскар де ла Хоја застана во одбрана на Васил Ломаченко по неговиот контроверзен пораз од Девин Хејни во текот на викендот во Лас Вегас.

„Кој мисли дека Лома загуби, не знае ништо за боксот“, напиша легендата на Твитер.

Подоцна изјави дека повторно го гледал мечот и бил категоричен дека ги подели рундите 8-4 во корист на Украинецот.

Сепак, официјалната одлука гласеше дека Хејни победи со 115-113, 116-112 и 115-113 за да ги задржи своите појаси во суперлесна на ИБФ, ВБА, ВБЦ и ВБО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО