Пинк Пантер – Војводина/Спартак 6-10, Гоце Јанески извонреден (ФОТО)

Екипата на Пинк Пантер во првото коло на Регионалната боксерска лига се претстави во добро светло иако загуби со 10-6 од Војводина/Спартак. Пресудно за победата на српскиот клуб беше лигашкото искуство и подобрата кондиција.

Секако, најдобра борба прикажа Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми која му е најдобра на македонските рингови. И тешкашите Марко Доциќ и Александар Димовски – Димса се претставија во извонредна форма. Мартин Алексов одлично избоскира, иако загуби со 3-0, по наше мислење превисока победа, а можеше да биде и негова, како и Муаремовски, но силата ги издаде.

Честитки до БК Пинк Пантер кој одлично го организираше овој меч, а публиката ја исполни салата „Јордан Мијалков“ до последното место.

Судии на мечот беа Амер Имамовиќ (БиХ), Милорад Глидиќ (Србија) и Александар Денков- Македонија. Супервизор: Едис Ерендис (БиХ).

Пинк Пантер – Војводина/Спартак

56 кг Александaр Ристовски – Вељко Глигориќ 0-3

Мини серија на Глигориќ во почетокот. Во средината на рундата зададе слиен лев директ, потоа уште аперкат и кроше во синиот агол. Гостинскиот боксер ја водеше борбата во првата рунда.

Во втората рунда се водеше рамнопрвана борба, но гостинскиот боксер ја држеше на растојание битката, з ана карјот да се разгори со размена на неколку удари.

Вељко напаѓаше и во третата рунда, а Александар се обидуваше со контранапади да дојде до предностполедната минута беше жестока, а Глигориќ зададе силен лев аперкат.

60 кг Мухамед Кадриев – Вања Бачиќ 0-3

Борбата се водеше од дистанца соповремени напади, при што нашиот боксер имаше 2-3 прецизни удари. Пред изедначена прва рунда. Кадриевнаправи серија од три удари во почетокот на втората рунда, а потоа претежно се бранеше.

Аперкатите на Кадриев беа моќни, но немаше сила тоа да го реализира до крај, по што следеа прецизни директи од Бачиќ. Видлива беше немоќта на Кадриев, едноставно немаше сила.

64 кг Денис Муаремовски – Алекса Глигориќ 0-3

Правта рунда помина со брзи влезови со 1-2 удари од страна на двајцата боксери. И во втората рунда интензотот на борбата не падна, при што и маше доста чисти удари.

Муаремовски тргна на се или ништо во полседната рунда и на почетокот зададе силен контра удар што здрма противникот. Аперкатите на Денис беа опасни за Алекса, кој задаваше удари во стомакот на нашиот боксер.

69 кг Мартин Алексов – Дамјан Грмуша 0-3

Алесков со директи и аперкати контрираше на директите на Грмуша и имаше две-триуспешни серии во првата рунда.

Дамјан ја градеше борбата за да дојде во позиција со директи крошеа да го загрози Мартин, но тој брзо враќаше со контри, пред се аперкати.

На почетокот на третата рунда публиката беше на нозе, Мратин силно го нападна Дамјан. Кон средината на рундата возврати и боксерот на Војводина/Спартак. Потоа Мартин почна да се брани, а и снема сила.

75 кг Гоце Јаневски – Бошко Раус 3-0

Борба од дистанца за испутување на силите во првата рунда со неколку напади на Јанески над повисокиот противник.

Гоце во вистинското светло во втората рунда, влегуваше со низок гард и задаваше директи и аперкати, при што четири-пет пати го погодија противникот. Во третата продолжи со исто темпо со голема поддршка од публиката.

81 кг Илче Јоноски – Денис Меметовиќ 0-3 (ТКО,Р2)

Првата рунда помина сопо некоја искра,а во втората Мемтовиќ со една серија на удари го разниша Јоноски, по што судијата му броеше, а од неговиот агол ја фрлија крпата за предавање на борбата.

91 кг Марко Доциќ – Душан Крстин 2-1

Во првата рунда борбата се водеше од дистанца, а во втората и трета рунда Доциќ го покажа раскошниот талент и доминираше со директите и аперкатите.

+91 кг Александр Димовски – Золтан Џараки 2-1

Внимателна прва рунда на тешкашите, а и втората продолжи во истото темпо. Во тертата рунда битолчанецот го покажа својот талент и со прецизни удари си ја обезбеди победата. На три пати ударите завршија во брадата на противникот, а притоа не прими удари.

Пинк ПантерВојводина/Спартак 6-10

56 кг Александaр Ристовски – Вељко Глигориќ 0-3

60 кг Мухамед Кадриев – Вања Бачиќ 0-3

64 кг Денис Муаремовски – Алекса Глигориќ 0-3

69 кг Мартин Алексов – Дамјан Грмуша 0-3

75 кг Гоце Јаневски – Бошко Раус 3-0

81 кг Илче Јоноски – Денис Меметовиќ 0-3 (ТКО,Р2)

91 кг Марко Доциќ – Душан Крстин 3-0

+91 кг Александр Димса Димовски – Золтан Џараки

Воведна борба

Петар Арсовски (Аперкат) –Стојанче Карпошиев (Пинк Пантер)

 1.коло Регионална боксерска лига

Славија – Сесвете 4-14

Лазаревац Металац – Радник 4-12

Пинк Пантер – Војводина Спартак 6-10

Лозница е слободна.

  Бодови   Мечеви                   Борби
Екипи Тотал Тотал Победи Порази Тотал Победи Порази
Радник 2 1 1 0 8 6 2
Сесвете 2 1 1 0 8 6 2
Војводина/Спартак 2 1 1 0 8 5 3
Пинк Пантер 0 1 0 1 8 3 5
Лазаревац/Металац 0 1 0 1 8 2 6
Славија 0 1 0 1 8 2 6
Лозница 0 0 0 0 0 0 0

 

Ipon/mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО