Пинк Пантер – Ристе Грбев: Очекувам добри борби во Суботица!

 

Екипата на Пинк Пантер во продолжението на Регионалнта бокс лига во недела во Суботица ќе се сретне со екипата на Спартак.

Паузата што настана меѓу пролетниот и есенскиот е искористен за одмор, тренинзи и подготовки во клубот.

„Нашите боксери добро се подготвени. Мала потешкотија ни претставуваше тоа што има боксери од други места и не можевме да се собереме и да направиме со сите квалитетни подготовки“, вели тренерот на Пинк Пантер, Ристе Грбев.

За средбата со Спартак/Војводина и дали може боксерската публика во нашата земја да очекува изненадување Грбев е резервиран.

„Тешко дека можеме да направиме големо изнедаување. Пред се, очекувам добри борби, бидејќи имаме исклучително добар противник што се бори за врвот на табелата“.

Во со составот на Пинк Пантер има две засилувања од БК Чаир, Алмир Нуришов и  Артан Алиу. Нуришов е замена за Денис Муаремовски кој во сабота ја има првата професионална борба во Гевгелија на „Фламинго бокс најт“.

„Најмногу очекувам од Гоце Јанески кој во првиот дел е нашиот најдобар боксер (6-5) и Марко Доциќ. Од друга страна, се надеваме дека на крајот на РБЛ нема да бидеме последни, а дома ќе пружиме максимално добри борби. Нашата шанса е догодина, затоа што ќе бидеме побогати со искуство и со добро компониран состав“, истакна Грбев.

Од идната година РБЛ ќе има две нови екипи: Подгорица и нациналниот тим на Словенија.

Пинк Пантер ќе настапи во следниот состав:

-56 кг Алмир Нуришов
-60 кг Александар Ристевски
-64 кг Мухамед Кадриев
-69 кг Артан Алиу
-75 кг Гоце Јанески
-81 кг Никола Арсов
-91 кг Марко Доциќ
+91 кг без претставник

8.коло Регионална бокс лига
Спартак – Пинк Пантер 24 септември, 17 часот
Радник Бјелина – Лазаревац/Металац 22 септември, 20 часот
Сесвете – Славија 24 септември,  одложена
Лозница е слободна

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО