Дејвид Хеј се договори за реванш со Тони Белју

Дејвид Хеј објави дека ќе има реванш меч со Тони Белју.

Тие се сретнаа во март во тешка категорија. Тогаш Белју, кој беше светски шампион во полутешка категорија, победи со технички нокаут во 11-тата рунда. Хеј ја скина Aхиловата тетива уште во 6-тата рунда.

Сега Хеј, поранешен светски шампион и во тешка и во полутешка категорија, најави дека ќе има реванш: „Перговорите траејанеколку месеци, на крај тимовите се разбраа за Хеј-Белју 2. Дали Белју ќе потпише“?

Се уште нема официјална потврда, а промоторот на Белју, Еди Херн, објасни дека не потпишал договор, но очекува тоа да се случи следната недела. Според британските медиуми, средбата ќе се одржи на 17 декември (недела) во О2 арената во Лондон.

Белју за првата борба со Хеј доби најмалку 2,8 милиони фунти, а неговиот противник 4,2. Тоа му беше рекордна заработувачка во кариерата, а за втората ќе заработи уште повеќе.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО