АктуелноБоксДомашна сцена
Пинк пантер јуриша на втората титула во Лигата на олимписки надежи

Боксерскиот клуб Пинк пантер е водечки со 29 бода во Лигата на олимпски надежи 2025/2026 година во склоп на Опен Балкан купот, на второто место е Константин со 17 и трет е Топличанин 12.
До крајот остануваат уште две кола, во Лозница 9. коло и последното 10.коло во Охрид!

„Моментално БК Пинк пантер е на врвот на табелата и ќе дадеме се од себе да го повториме минатогодишниот успех и повторно да го освоиме престижното прво место во конкуренција на 64 боксерски клубови од 6 балкански држави“, велат од клубот.



