Пинк Пантер гостува на Металац: Ташков и Јанески со тешки противници, матурантите го скроија составот

Викендов се одржува 6.коло во Регионалната бокс лига, а нашиот претставник Пинк Пантер и гостува на екипата на Металац/Лазаревац. Средбата ќе се одржи во Ваљево.

Претседателот на Пинк Пантер, Илија Младеновски, истакнува дека поради државната матура повеќе боксери не можат да патуваат во Ваљево, но дека однапред не се предваат и со сите сили ќе обиедат да дојдат до поволен резултат.
„Капитенот Димитар Ташков ќе се сретне со Милутин Станковиќ, кој е потежок од него десетина килограми, а досега се сретнале четири пати на европски кадетски првенства. Резултаот засега е 2-2. Но, Станковиќ сега настапува и во Светската боксерска лига и има мнгу повеќе борби од нашиот боксер. Познавајќи го Ташков верувам дека може повторно позитивно да изненади. Што се однесува до Гоце Јанески, за противник ќе го има поранешнио европскиот и светскиот вицешампион, Геарт Ајетовиќ. По шестото коло доаѓа пауза во првенството, до септември“, вели Младеновски, истакнувајќи дека Јасин Лама не е во составот поради висока температура.

Пинк Пантер ќе настапи во следниот состав:
-56 Јасин Мифтар
-60 Фердијан Јашаров
-64 Мухамед Кадриев
-69 нема
-75 Гоце Јанески
-81 Никола Арсов
-91 Марко Доциќ
+ 91 Димитар Ташков.

6.коло
Лазаревац/Металац – Пинк Пантер 27.5.2017 – 19 часот
Лозница – Радник 28.5.2017 – 19 часот
Славија – Спартак/Војводина одложена за август
Сесвете е слободна

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО