Стефан Пецевски е прогласен за најдобар борец на Меѓународниот ММА турнир „Крал Марко опен“ во Прилеп овој викенд, кој се одржа по втор пат оваа година. Борбата меѓу Александар Заткоски „ММА Д Стронгест“-Скопје и Филип Божиновски „Нинџуцу Битола“ во категоријата со 66 кг е прогласена за најдобра и најатрактивна борба од страна на тренерите и судиите.
„Јас, како организатор, сум задоволен од настапот на сите борци и нашите натпреварувачи од „Максам фајт“ од Прилеп. Им се заблагодарувам на сите спонзори и пријатели кои го помогнаа овој турнир“, вели организаторот Пеце Ангелески.
На натпреварот учествуваа клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар и Краљево – Србија или, вкупно, 32 натпреварувачи, кои имаа 13 ММА борби и 3 граплинг во воведниот дел. Претходно се одржаа две ревијални борби без натпреварувачки карактер.
ММА борбите во официјалната програма беа поделени во две групи: натпреварувачи под 18 години кои се бореа во 2 рунди по 2 минути ,со целосна заштитна опрема и над 18 години во две рунди по 3 минути. Во овој дел борците се бореа без заштитна кацига за глава.
„Сите борци беа добро подготвени. Можевме да видиме одлични комбинации на удари, рачни и ножни техники, добри техники на фрлања, уривања и борби во партер. Со секој ваков натпревар борците стануваат се подобри и поискусни, што е и целта на овие турнири. Натпреварот помина мирно, без проблеми во фер и пријателска атмосфера“, истакнува Ангелески, додавајќи дека турнирот официјално го отворил градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, којна борците им посакал среќа и успех во борбите.
Официјални резулти „Крал Марко опен 2“:
Под 18 годни
77 кг. Иле Спасески- Рутс БЏЏ Охрид е поразен од Блажо Дардов – Нинџутсу Битола
83 кг Филип Јовановски -Максам Прилеп е поразен од Марко Станојковиќ Рутс БЏЏ Куманово
Група над 18 години
-62 кг Стефан Сталески- Максам Прилеп го победи Стефан Додевски ЏКД Аеродром Скопје
-66 кг Христијан Тасески-Максам Прилеп го победи Никола Димитриев ЏКД Аеродром
66 кг Боби Стојчевски-Нинџуцу Битола го победи Леон Михајловски –„Протектор“ Гостивар
66 кг Александар Заткоски -Д Стронгест го победи Филип Божиновски -Нинџуцу Битола
71 кг Андреј Ќосевски-Рутс БЏЏ Охрид го победи Марко Ѓоковиќ -ЏКД Аеродром
77 кг Блашко Петкоски –Протектор го победи Павел Ванкоски -Рутс БЏЏ-Охрид
-77кг Димитрија Бошкоски-Протектор го победи Игор Велески-Максам
77 кг Хајрудин Сендиќ -Самурај- Штип го победи Дејан Петрински-Рутс БЏЏ Куманово
-84 кг Александар Јакимовкси-Стронгест го победи Страхиња Миловановиќ-Лион Краљево
-83 кг Стефан Пецевски-Стронгест го победи Борче Талевски-Нинџуцу
100 кг Мартин Трајкоски-Максам го победи Драган Ѓоргиоски-Академија-Кичево
Ipon.mk/В.Д.