
Петре Велков во финапето на Светскиот куп „Турција“ во Анталија славеш против домашниот кикбоксер Арслан Онурџан 3-0. Победата е во сениорска конкуренција, во категоријата до 67 килограми во дисциплината лоу кик.

Со овој Велков уште еднаш ја израдува македонската спортска јавност и го збогати билансот на медали на нашите кикбоксери на два златни и еден бронзен. Вчера Туркер Исмаил освои златен, а Милош Јорданоски бронзен.
Велков покажа одлична подготвеност, борбеност и шампионски карактер, успевајќи да го совлада својот противник и да се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Овој резултат претставува уште една потврда за квалитетот и континуираниот напредок на Пепи Велков, кој со своите настапи веќе подолго време е еден од најуспешните македонски кик боксери.
Светски куп „Турција“:
Кик лоу
-67 кг сениори
Петре Велков – Тосун Огузхан (Турција) 3-0
Петре Велков – Виктор Борозан (Црна Гора) 3-0
Финале
Петре Велков – Арслан Онурџан (Турција) 3-0



