Петкратната светска шампионка Станка Златева се повлече од борењето (ВИДЕО)

Stanka Zlateva

Петкратната светска шампионка и една од најдобрите борачки на сите времиња, Станка Златева, изјави дека жали поради сите повреди и тоа што ќе ја пропушти претстојната Олимпијада во Рио де Женеиро. Бугарката за националанта БТВ изјави дека се надева дека ќе успее како тренер на кадетките.

 „Веќе подолго време размислував. Видов дека работите не се одвиваат како што треба, така што не можам да продолжам, и конечно донесов оваа одлука. Има многу повреди и нема доволно време да се подготвам за првенствата, од кои треба да се земе виза. Не добро од моја страна да учествувам без да сум подготвена“, изјави Златева.

„Луѓето секогаш очекуваа да бидам прва, а секогаш не се добива. Очекуваа да учествувам и на друга Олимпијада, сепак, тоа не е можно… Жал ми е што не можев да стигнам до крајот, но сфаќам дека ништо не е вечно и животот нуди и други патишта“, додаде таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО