Борците на Максам на ММА турнир во Земун

Maksam trojka za Zemun

Во недела (24 јануари) натпреварувачите на ММА клубот „Максам“ од ПрилепНаумче Трајкоски (-83 кг), Христијан Граороски (-64 кг) и Христијан Тасески (-64 кг) ќе настапат на ММА турнирот”Бушидо 7- Опен фајт челинџ“ во Земун, Србија, во групата под 18 години.

Busido plakat

Организатор на настанот е „Таурунум“ центарот за боречки вештини под водство на еден од најдобрите борци во Србија и на балканот, Душан Џакиќ.

Dusan dazkik

„За Наумче Трајкоски и Христија Тасески ова е прв настап на ММА натпреварите, додека Христијан Граороски има една борба од аматерски карактер во Бања Лука. Нашите натпреварувачи се во одлична здравствена и кондициона форма, беа редовни на тренинзите и подготовките. Пред се, ова ќе биде уште едно големо искуство за сите нас,ќе оствариме контакти со многу борци и тренери од Србија и Црна Гора. Очекуваме добар настап на нашите учесници ,конкуренцијата е силна, јаки клубови со јаки и искусни тренери,но се надеваме на успех и на победи“, изјави тренерот Пеце.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО