Петкратен светски шампион го обвини Верховен дека бира слаби противници (ФОТО)

Рико Верховен го освои турнирот на четиримината во тешка категорија на Глори 77, но тоа не значи дека ги освои симпатиите на сите.

Според петкратниот светски шампион во пикадо, Рејмонд Ван Барневелд, носителот на титулата во организацијата избра лесен противник наместо да се соочи со него. Верховен го победи Хесди Гергес во првото коло, а Тарик Хбабез се откажа по првата рунда во финалето.

„Рико Верховен повторно избра лесен противник наместо да се бори со мене. Оваа година тренирам исто како Рико за да се вратам. Се надевам на вашата помош на патот кон врвот“, напиша на шега Ван Барневелд на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО