Петар Заборски и Ангела Мојсовска се закитија со бронзени медали на Балканското првенство во карате за сениори во Белград-Србија.
Заборски и Мојсовска имаа по две победи и триумфираа во борбите за бронза.
Во тек се борбите на Дритон Халими и Фахик Весели, а преостануваат и средбите до 50 кг во женска конкуренција.
Вчера Витомир Трајковски (-84 кг) освои сребрен медал, а Јована Георгиева (-55 кг) бронза.
Резултати Балканско првенство:
-75 кг
Петар Заборски – Менсур Џозиќ (БиХ) 4-1
Петар Заборски – Страхиња Радојчин (Србија) 2-0
Петар Заборски – Ѓорѓе Салаура (Србија) 0-1
За бронза
Петар Заборски – Кемал Саховиќ (БиХ) 1-0
Доан Османи – Лео Марковиќ (Хрватска) 6-0
Доан Османи – Љубиша Мариќ (Србија) 0-4
Репасаж
Доан Османи – Хамза Туруља (БиХ) 1-2
Мурсел Месини – Георгиос Каралис (Грција) 0-0
-60 кг
Дритон Халими – Милош Петровиќ (Србија) 7-2
Дритон Халими – Харалампос Вамвадикис (Грција)
Фахик Весели – Филип Лучиќ (Србија) 8-0
Фахик Весели – Џан Махмутовиќ (БиХ)
-68 кг
Ангела Мојсовска – Дина Махмуд (БиХ) 0-0
Ангела Мојсовска – Ксенија Рајовиќ (Црна Гора) 4-1
Ангела Мојсовска – Марина Радичевиќ (Србија) 2-2
За бронза
Ангела Мојсовска – Јована Стојановиќ (Црна Гора) 3-2
Викторија Јовановска – Марина Раковиќ (Црна Гора) 1-6
Репасаж
Викторија Јовановска – Илма Рахмановиќ (БиХ) 0-4