Петар Заборски е во третата група на Премиер лигата во Париз

Единствениот македонски каратист на отворањето на Карате 1 Премиер лигата во Париз Петар Заборски од Макпетрол ги доби противниците во категоријата до 75 килограми. Заборски е меѓу 32-та рангирани каратисти на ранг-листата на ВКФ и затоа обезбеди право да се натпреварува.  

Петар е во третата група со Оелксандар Чернијаиев (Украина), Енес Булут (Турција) и Хамза Лабид (Мароко).

-75 кг

Петар Заборски – Хамза Лабид (Мароко)

Петар Заборски – Чернијаиев (Украина)

Петар Заборски – Енес Булут (Турција)

Натпреварите се во сабота, а во недела се полуфиналните и финалните борби. Само првопласираните од групите (осум групи) ги продложуваат натпреварите.

На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот.

Да потсетиме дека Петар годината ја започна со бронза во Атина пред 10 дена во Карате 1 Серија А, така што има победнички ритам и може да очекуваме нов успех.

Овој систем ќе се применува и на Светското првенство, а од Макпетрол најавуваат дека уште неколку каратисти од клубот имаат шанса да бидат меѓу 32-та најдобри во светот што ќе овозможи пласман на СП. За место меѓу најдобрите и пласман на СП ќе се борат Петар Спасеновски, Ангела Мојсовска, Давид Петков, Стефан Стојановиќи Витомир Трајковски, преку настапите на Премиер лигата и на ЕП.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО