Петар Спасеновски освои бронза, трет медал за Македонија на Eвропското универзитетско првенство во карате

Петар Спасеновски (-84 кг) е третиот македонски каратист што обезбеди медал на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб. Спасеновски се закити со бронза откако го совлада Леон марциуш од Хрватска. 

Петар на патот до медалот имаше 6 борби, а во полуфиналето, како што информира селекторот Бошко Заборски, загубил од Црногорецот Никола Маловиќ.

Во оваа категорија, еден од најдобрите светски каратисти, Угур Акташ остана без медал.

Да потсетитем , Петар Заборски се пласира во финалето на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови, па така студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола за златниот медал во недела ќе се бори со Констатнтин Јаненко од Украина. Додека Давид Петков (Универзитет Свети Кирил и Методиј) се закити со бронза откако славеше против Словакот Матеј Хомола 3-2.

Сите тројца студенти се членови на КК Макпетрол.

Викторија Јовановска имаше борба за бронза но не успеа да забележи победа. Бојана Манева доби шанса во репасажот каде што забележа победа и пораз, со што е седмопласирана во категоријата.

Утре на програмата се екипните натпревари.

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржува во Загреб, до сега има пријавено 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

Во Загреб ќе се одржуваат натпревари во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо и кик бокс.

Резултати:

-61 кг
Симона Заборска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 2-4

Викторија Јовановска – Ева Криу (Франција) 3-3
Викторија Јовановска – Наталија Осадчук (Украина) 0-4
Репасаж
Викторија Јовановска – Џагла Есер Турција) 4-1
За бронза
Викторија Јовановска – Ајсима Каркаја (Турција) 1-5

-50 кг
Ивана Јорданова – Бетариз Кореиро Пинто (Португалија) 0-0

+68 кг
Бојана Манева Бојана – Стефани Крешиш (БиХ) 0-1
Репасаж
Бојана Манева Бојана – Малика Бухарна-Литварна (Германија) 2-1
Бојана Манева Бојана – Лора Цилер (Австрија) 1-4

-67 кг
Давид Петков – Тијаго Переира (Португалија) 2-0
Давид Петков – Никлас Маринич (Словенија) 0-0
Давид Петков – Владислав Шведа (Украина) 4-6
За бронза
Давид Петков – Матеј Хомола (Словачка) 3-2

-75 кг
Петар Заборски – Хакан Челик (Турција) 1-0
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-1
Петар Заборски – Олех Оврас (Украина) 2-1
Финале
Петар Заборски – Констатнтин Јаненко (Украина)

Димитар Илиевски –Олександр Чернијаиев (Украина) 5-1
Димитар Илиевски – Џенаро Витулано (Италија) 1-0
Димитар Илиевски – Али Гунеј (Турција) 3-0
Полуфинале
Димитар Илиевски – Констатнтин Јаненко (Украина) 3-8
За бронза
Димитар Илиевски – Олег Пашченко (Украина) 1-3

– 84 кг
Витомир Трајковски – Паоло де Сантис (Италија) 4-4
Глигор Хаџи Кимов – Олександар Карас (Украина) 1-8

Петар Спасеновски- Бјорн Колвудри (Финска) 4-3
Петар Спасеновски – Рикардо Леите (Португалија) 2-0
Петар Спасеновски – Aаро Туоменн (Финска) 7-1
Петар Спасеновски – Александр Ниутин (Украина)2-1
Полуфинале
Петар Спасеновски – Никола Маловиќ (Црна Гора) 1-6
За бронза
Петар Спасеновски – Леон Марциуш (Хрватска) 7-1

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Сергиос Карваунис (Кипар) 3-0
Стефан Стојановиќ – Јачим Тинавски (Чешка) 1-3
Цане Давитков – Анатстасиос Кукуритакис (Грција) 0-5

Кати
Марко Бунтески – 22,9 -4-ти во група 4
21,8 во втор круг (7-ми во кругот)
Пасман: 15-то место од 37 натпреварувачи

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО