Петар Заборски во финалето Eвропското универзитетско првенство во карате, бронза за Давид Петков (ФОТО)

Петар Заборски се пласира во финалето на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб. Студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола за златниот медал во недела ќе се бори со Констатнтин Јаненко од Украина. А Давид Петков (Универзитет Свети Кирил и Методиј) се закити со бронза откако славеше против Словакот Матеј Хомола 3-2.

Ова е трето студентско финале, при што во Коимбра, Португалија, 2015 година освои златен медал, а во Загреб 2017-та се закити со сребрен медал.

Давид Петков ја бранеше европската титула одлани, но не успеа, иако водеше против Швед.

Во категоријата за можеше да има македонско финале, но Димитар Илиевски загуби во полуфиналето од Јаненко, а пото беше поразен и борбата за бронзата, па на крајот се пласира на петтото место.

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржува во Загреб, до сега има пријавено 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

Во Загреб ќе се одржуваат натпревари во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо и кик бокс.

Резултати:

-61 кг
Симона Заборска – Лејла Топаловиќ (Австрија)
Викторија Јовановска – Ева Криу (Франција) 3-0
Викторија Јовановска –Наталија Осадчук (Украина)

-50 кг
Ивана Јорданова – Бетариз Кореиро Пинто (Португалија) 0-0

+68 кг
Бојана Манева Бојана – Стефани Крешиш (БиХ)

-67 кг
Давид Петков – Тијаго Переира (Португалија) 2-0
Давид Петков – Никлас Маринич (Словенија) 0-0
Давид Петков – Владислав Шведа (Украина) 4-6
За бронза
Давид Петков – Матеј Хомола (Словачка) 3-2

-75 кг
Петар Заборски – Хакан Челик (Турција) 1-0
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-1
Петар Заборски – Олех Оврас (Украина) 2-1
Финале
Петар Заборски – Констатнтин Јаненко (Украина)

Димитар Илиевски –Олександр Чернијаиев (Украина) 5-1
Димитар Илиевски – Џенаро Витулано (Италија) 1-0
Димитар Илиевски – Али Гунеј (Турција) 3-0
Полуфинале
Димитар Илиевски – Констатнтин Јаненко (Украина) 3-8
За бронза
Димитар Илиевски – Олег Пашченко (Украина) 1-3

– 84 кг
Витомир Трајковски – Паоло де Сантис (Италија)
Глигор Хаџи Кимов – Олександар Карас (Украина)
Петар Спасеновски- Бјорн Колвудри (Финска)

+84 кг
Стефан Стојановиќ -Сергиос Карваунис (Кипар)
Цане Давитков – Анатстасиос Кукуритакис (Грција)/ Алперен Јаман (Турција)

Кати
Марко Бунтески – 22,9 -4-ти во група 4
21,8 во втор круг (7-ми во кругот)
Пасман: 15-то место од 37 натпреварувачи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО