Петар Спасеновски: Го победив светскиот првак Арканија, значи имам потенцијал за големи остварувања!

Petar Spasenovski na piedestal Premier 2016

Каратистот на Металург, Петар Спасеновски, вчера го освои бронзениот медал во силна конкуренција на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, а со тоа обезбеди и место во репрезентацијата на Македонија за Светското сениорско првенство во Линц, Австрија.

Тој својот раскошен талент го манифетсира овие две години, а на Државното првенство ги совлада и Симон Антиќ и Берат Јакупи во категоријата до 84 килограми.

Петар не застанува тука, ветува успех и од Светското првенство.

Petar Spasenovski go grize medalot premier 2016

Пред патувањето беше самоуверен дека со 18 години може да освоиш медал. На што се должеше таа сигурност?

-Секојдневните тренинзи и посветеноста на спортот за време на летниот одмор и макотрпната работа беа битен предуслов за остварување на добриот резултат. Пресудно за освојувањето на бронзениот медал беше мотивот и желбата за победа што ја имав пред и за време на натпреварот!

Докрај да бидам искрен, бев самоуверен бидејќи секогаш знам во последниот натпревар да извојувам резултат што ми обезбедува место за големите натпревари.Така беше и во кадетска и во јуниорска конкуренција, така е и сега во сениорска.

Значи, најдобро профункционирувам кога ми е најпотребно или така само мислам.

Petar vo borba Istanbul 2016

Дали беше лесно да се освои брозениот медал и што бесе пресудно да се оствари и поголем успех?

-Најголем мотив, секогаш, ми беа големите натпреварувачи. Во Салзбург го пропуштив Арага, но сега посакував и навивав да се сретнам со Арканија, актуелниот светски шампион. Го добив и го победив. Дури сега можам да потврдам дека имам потенцијал да ги поразам големите мајстори. Пто, впрочем, ми се остварува замисленото откако почнав да се борам во сениорска конкуренција.

Petar Spasenovski dobiva vazari PL Istanbul 2016

Што се следи до СП? На што се надеваш во Линц?

За претстојното Светско првенство ви ветив, еве уште еднаш ќе кажам дека од мене очекувајте висок пласман и борба за медал!

Какви се твоите идни планови?

Плановите ми се да почнам со студиите на Правнииот факултет, полагањето на испитите, а во каратето за оваа годинава е учеството и висок пласман на Светското сениорско првенства, домашното Државно првенство  до 21 година и Европското првенство во У-21. Година во која посакувам златен медал!

 Можеби е нескромно, но сигурен сум и убеден, а и се ќе сторам ова да го остварам. Секако, со помош на мојот матичен клуб, а и со помош на селекторите и тренерите во КФМ кои го препознаваат мојот квалитет!

Petar borba PL Istanbul 2016

Патот до медалот

Во борбата за бронзениот медал Спасеновски го совлада Иранецот Ехсан Хајдари со 4-2.

Петар пртеходно ги совлада Турчинот Огузан Кабаскал 0-0, Гогита Арканија од Грузија 4-1 и победа на изјаснување со Анес Чонго од Босна и Херцеговина откако борбата заврши 4-4. Во полуфиналето загуби со 5-2 од Тургут Хасаснов од Азербејџан.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО