Битолчани-штипјани 2-0 на ММА турнирот во Струга (ВИДЕО)
Битолчани беа подобри во двојната пресметка со штипјани на првиот ММА турнир „Кејџ фајт“ синоќа во Струга.
Блажо Дардов со чоук од позади го совлада Мирза Сендиќ, а Филип Божиновски славеше против Хајрудин Сендиќ со КО. Или Ниџитцу клуб Битола-Самурај од Штип 2-0.
Блаже Дардов само што има наполнето 17 години и досега има 3 ММА победи со доста поикусни борци. Има злато во грапплинг, но ги има освојувано медали и на други турнири. Тој е носител на зелен појас во НК Битола во стилот „рју ха мацедониан ниџитсу“.
Филип Божиновски исто така со 17 години има позитивен скор во ММА- 2 победи и 1 пораз. Има освоено повеќе медали во џиу џицу. Носител е на зелен појас во НК Битола.
„Станува збор за добри борци од кои во иднина очекувам да остварат добри резултати, како на балканско така и на европско тло, и да ја претстават нашата Македонија во најдобро светло. Нашиот клуб е расадник за добри борци. По вчера прикажаните борби на борците на нашиот клуб, кои беа најатрактивни, поканети сме во Велес на ММА турнирот на 8 октомври во чест на загинатите бранители „Ноќта на незаборавните“, на кој се надевам ќе уцествуваме со повеќе наши борци“, истакана тренерот Сашко Мирчевски.
Ipon.mk/В.Д.






