Петар Јан одби да потпише нов договор со УФЦ

Петар Јан, кој е рангиран на 4-то место на ранг-листата на УФЦ во бантам категорија, одби да потпише нов договор со лигата.

Во последната борба Јан го победи Сонг Јадонг (21-7) со едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28) на УФЦ 299 во Мајами, САД. Претходно рускиот борец изјави дека планира да одржи две борби во 2024 година. Со победата над Јадонг Петар ја прекина серијата од 3 последователни порази.

Јан е поранешен шампион во бантам категорија и очигледно УФЦ сака да го задржи. Му понудиле нов договор за 6 борби, но тој ги одбил.

„На Петар всушност му беше понуден нов договор за шест борби. Но, условите таму не беа онакви какви што би сакале. Одлучено е да не се потпише овој договор“, вели лице од тимот на Јан.

Јан има 17-5 во ММА и победи на само 2 од неговите последни 6 УФЦ борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО