По настапот на Меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Хајрулаховиќ-Талијан“ во Сараево, Босна и Херцеговина, на кој нашите боксери имаа две финалиња во кои загубија селекторот на репрезентацијата Петар Чурлиновски се огласи за настапот на малдите македонски боксери.
Според Чурлиновски, настапот на четиримината дебитанти може да се оцени како позитивен, односно дека не разочараа, затоа што прв пат настапуваат на вака силен турнир.
„Ни еден не потклекна пред нивните противници кои беа доста поискусни и го дадоа нивниот максимум, претставувајќи се достојно. Сите загубија на поени, сепак одлучувачки во борбите беше нивното боксерско (не)искуство“, вели Чурлиновски.
Селекторот истакнува дека определбата е да се форсираат помлади боксери, а боксерите што беа во Сараево се меѓу најдобрите во нашиот бокс. Чурлиновски смета дека добро се спротивставиле намногу поискусните противници. Затоа тој препорачува во клубовите да с еработи на физичката-кондиционата подготвеност и на тактичко-техничките перформанси.
Фактичики овој турнир беше генерална проба пред Златниот Гонг во ноември во Скопје.
Резултати
полуфинале
-56 кг Џан Демиров – Алек Гузеј (Словенија) 0-3
финале
-75 кг Октај Фератов – Младен Собјеславски (Хрватска) 0-3
финале
-60 кг Јове Петровски – Тадеј Чернога (Словенија) 0-3
полуфинале
-81 кг Арсим Етеми – Матеј Уремовиќ (Хрватска) 0–3
Ipon.mk