АктуелноМеѓународна сценаММА

Хусеин Халиев го заплаши Мек Грегор оти го спомнал името на Рамазан Кадиров

Конор Мек Грегор си дозволи да го спомене претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, за време на прес-конференцијата за борбата меѓу него и Хабиб Нурмагомедов, која ќе се одржи за 13 дена. Во таа прилика Мек Грегор раскажа приказна во која Кадиров и таткото на Хабиб стоеле заедно во џамијата во Грозни, но таткото на Хабиб бил лицемер затоа што го почитувал Кадиров од страв, но во даден момент е подготвен да го предаде.

Мек Грегор изјави дека има луѓе во Чеченија кои му даваат такви информации, но очигледно не е точно затоа што шампионот во лесна категорија на ВФЦА, која е во сопственост на Рамзан Кадиров му се закани на Конор Мек Гргеор и му рече дека е подобро за него веднаш да се извини.

Еве што му рекол Хусеин Калиев.

„Конор Мек Грегор знае дека Кавказот не е Ирска. Ќе мора да одговораш за твоите зборови и предлагам да се извиниш што е можно поскоро. Ние не им простуваме на навредите на семејната чест на никого. На крајот на краиштата животот не завршува со битката меѓу тебе и Хабиб. Внимавај со проказните, освен ако не си бараш големи главоболки“.

Минатата година Калиев беше блиску до УФЦ, но не беше постигнат договор. Тој го претставува клубот Ахмат и има рекордни 18-1. Погледнете една од неговите победи:

Се чини дека Конор Мек Грегор си го навлече чеченскиот гнев, што не е добра идеја

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON