Промоторот на Џошуа: 100 отсто сме фокусирани на Вајлдер

Промоторот на Ентони Џошуа Еди Херн за Скај спорт потврди дека приоритет на светскиот шампион во тешка категорија на три од четирите боксерски федерации е во април да излезе на рингот против Дионтеј Вајлдер.

Како што е познато, Вембли веќе е резервиран за 13 април 2019 година за следниот меч на Џошуа, но противникот е непознат. Ако тој не е шампионот на ВБЦ Вајлдер, тоа ќе биде Дилиен Вајт.

„Имаме околу два месеци, треба да е јасно кога ќе преговараме со екипата на Вајлдер, не сакаме да чекаме да видиме што ќе се случи на 1 декември“, рече Херн, мислејќи на датумот на кој Вајлдер ќе се сретне против Тајсон Фјури.

„сакаме да направиме договор пред нивната средба. Татко ми Бери ќе преговара со Шели Финк (промоторот на Вајлдер) во почетокот на октомври и ќе се обидеме да се договориме. Им испративме договор со условите за кои се согласиле, но не се вратија. Сакаме да дознаеме што се нивното расположение.

За да се обидеме да склучиме договор, 100 отсто сме фокусирани на Вајлдер во април. Секако, ако Фјури победи, ќе имаат реванш и тогаш април отпаѓа како опција, што значи дека најверојатно Џошуа ќе излезе против Дилиен Вајт“, коментира Херн, мислејќи на официјалниот кандидат за појасот на ВБО.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО