Петар Арсовски од БК Аперкат кој тренира и настапува во Локомотив, Софија, се бореше на „Купот на Бугарија“ во Габрово за ученици, при што извојува убедлива победа во осминафиналета во категорија до 38,5 кг.
„Агресивен стил, динамична борба и броење во третата рунда на противникот. Доминантна победа и задоволство кај тренерите од Локомотив – Софија, но и кај останатите тренери“, вели неговиот татко и тренер Александар Арсовски.
На бокс Купот на Бугарија учествуваа 210 деца од 47 клуба.
Ipon.mk