Петар Арсовски го освои „Купот на Бугарија“ (ФОТО)

Нашиот истакнат млад боксер, Петар Арсовски, кој гради интернационална кариера и настапува веке 5-та година за софискиот клуб Локомотив го освои шампионатот на Бугарија познат како „Куп на Бугарија“.

На патот до златниот медал популарниот Маке, како што го нарекуваат во Бугарија, имасе три многу успешни мечеви

Во четвртфиналето победи со прекин уште во првата рунда против боксер од БК Пирин, Венцислав Богдански.

„Знаевме дека ова не е боксер на ниво на Пепка и затоа тргнавме агресивно усте од самиот старт, да заврши мечот што порано, за да мозе да биде свеж за понатаму“, вели неговиот татко Александар Арсовски, кој во Македонија се занимава со тренерска работа.

Пилуфинале победа против Андреас Димитров од Варна, кој што е три пати прв од минатата година во Бугарија токму во оваа категорија со 54 кг.

Во финалето Арсовски славеше против Марков Георги од Омуртак

Пепка му се реваншира за минатогодишното финале на Поединечниот шампионат одржан во Добрич.

Од друга страна, негвиот Локомотив од Софија е екипен првак.

„Одлично се претстави, помалку и неочекувано, уште во првата година, каде настапува како младинец, да го освои Купот. Во категорија до 54 килограми конкуренцијата е огромна. Бугарија секогаш во малите категории вадела истакнати имиња во боксот, кој подоцна освојувале ЕП, СП и ОИ“, Александар.

За нас тоа има огромно значење, бидејќи целиот тренажен процес на овој млад спортист се развива во соседна Бугарија, каде Пепка живее и учи.

Купот на Бугарија се одржа во Пловдив со учцество на 150 боксери само во возрасната категорија Јут (малди) од 54 клубови.

Следно за Петар е настап на Меѓународниот турнир „Емил Жечев“ на почетокот од март.

„Формата треба да ја темпираме рационално, за да не дојде до претренираност или повреда. Целта ни е ЕП, каде Пепка треба да се покаже во најдоброто издание“, вели постариот Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО