Петар Арсoвски на мегдан со европскиот првак

0
517

На престижниот Меѓународен турнир Емил Жечев во Софија во рамките на полуфиналето нашиот Петар Арсовски 54 кг ќе ги одмери силите со актуелниот европски првак Рафаел Серано Лозано од Шпанија.

За познавачите на боксот ова момче е двократен финалист на Европските првенства. Еднаш сребрен медалист од Софија 2020 година, како јуниор и златен од последното ЕП во Будва за млади сениори.

Тој е син на прочуениот шпански боксер Рафел Лозано, двократен олимписки медалист од Атланта и Сиднеј.

Нашиот Вели Мумин има неколку дуели со овој голем боксер.

„Петар е во победничка низа од 7-0 и одлично е подготвен како физички така и психички. Ова не е тест, меѓутоа тоа е и она што секогаш сме го барале-најдобрите“, вели неговиот татко Александар кој е боксерски тренер.

Мечот е утре во 14 часот.