Одбиена кауцијата за слобода на Каин Веласкез

Легендата на ММА, Каин Веласкез се појави на суд, каде што беше одбиена кауцијата од судијката Шелина Браун од Врховниот суд на округот Санта Клара.

Според судските документи, педофилот Гуларте, кој не бил повреден во несреќата, е обвинет за прељуба над дете кое не наполнило 14 години. Тој беше ослободен на 25 февруари без кауција и му беше наредено да остане во домашен притвор и да носи нараквица за електронски надзор.

На социјалните мрежи, Нолан Кинг од ММА Џанки го напиша следново на темата со Веласкез:

„Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез не доби ослободување со кауција.

Судијката Шелина Браун вели дека „ризикот е преголем“ откако ги разгледа наводните „непромислени“ постапки на Веласкез. Тој ќе се врати на суд на 12 април“.

Кон крајот на минатиот месец, Веласкез дознал дека Гуларте извршил блуд со нерговиот 4-годишен син во домашна градинка во сопственост на мајката на педофилот. Каин почнал да го брка педофилот со својот автомобил и пукал во него неколку пати.

За жал, Веласкез го погоди очувот на педофилот, кој не е тешко повреден и ќе преживее. На Веласкез сега му се заканува затворска казна од 20 години. Останува да видиме што ќе одлучи судот следниот месец, но работите за него не се розови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО