Вчера ЏК Дрим имаше успешен настап на Меѓународниот натпревар „Прилеп – град херој 2016“ освојувајќи 5 медали – 1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен медал.
Марио Нелоски освои злато, Божидар Донески, Андреј Чакаровски и Христијан Тодев сребрени медали, а Христијан Глигороски бронзено.
Андреј Симоноски и Димитар Донески овој пат немаа доволно среќа и само детали ги делеа од пласман.
Да потсетиме дека во саботата во Краљево –Србија, на Меѓународниот натпревар „14 Октобар“ Анамарија Стојмилоска освои златен медал. Добар настап имаа и Андреј Велјаноски – пето место и Вилијан Павловиќ и Берин Шабоски се седми.
ЏК Дрим наредната недела ќе настапи во Катерини – Грција, а потоа во Скопје на „Миоки опен“, па во Софија- Бугарија на Илинден опен.
Ipon.mk/В.Д.