Пет медали за КК Фати на „Никон опен“ во Бугарија, златен за Доан Османи

Fati vo Sofija

Каратистите на Фати од Тетово освоија еден златен, два сребрени и два бронзени медали на Меѓународниот турнир „Никон опен 2016“ во Софија.

Fati Doan osmani borba Nikon open

Доан Османи го освои првото место во +70 килограми, остварувајќи три победи. Сребрени медали освоија Адриан Мамути и Дритон Халими. Кои прикажале одлични борби и покрај тоа што не освоиле први места, затоа пак направиле повеќе поени.

Fati os medali naNikon

Јили Фетаи во јуниорска конкуренција го освои третото место, но во трета борба морал да го напушти татамито поради повреда, а сопобеда ќе имал клупско финале со Адриан Мамути.

Во екипна конкуренција кај јуниорите Фати освои бронзен медал, бидејќи во клучниот меч со Унгарците малку и падна концентрацијата.

Fati borba Nikon 2016

„Задоволен сум од настапот на нашите натптреварувачи, иако секогаш може и повеќе и подобро, а за мене е поважно што направија по повеќе борби“, изјави тренерот Арлинд Хусеини.

Жали што и останатите не освоиле медал, посебно Вјолца Гафури, која во екипниот дел ги победувала противничките со по 8-0, а во индивидуалниот настап изгубила вопрвото коло.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON